Деловни активности
Тетекс е вертикално интегриран производител на текстил и облека.
Компанијата е формирана 1951 година, започнувајќи со производство на предива во погонот предилница. Потоа компанијата се развива со активирање на ткаечница за производство на ткаенини и ќебиња, како и производство на готови одевни предмети во конфекција и трикотажа.
Денес, Тетекс АД е интегриран производител на текстил од волнен тип и облека, со вертикално поврзани производни фабрики:
• Фабрика за производство на предива и волници (Тетекс Јарн ДОО од 2007)
• Фабрика за производство на ткаенини и ќебиња
• Конфекција – производство на конфекциски одевни предмети
• Трикотажа – производство на трикотажни одевни предмети
Вертикалната интеграција дава флексибилност во планирањето и трансфер на материјалите помеѓу производните процеси, со што се постигнува поефикасно сервисирање на клиентите.
Тетекс произведува годишно 2.800 тони предива, 500.000 метри ткаенини, 600.000 парчиња конфекциски и 500.000 парчиња трикотажни одевни предмети.
Локацијата на компанијата (Македонија) дава можности за ефикасна и брза испорака особено во ЕУ .
Главни извозни пазари се во Европа (Германија, Италија, Велика Британија, Данска, Грција, Аустрија, Словенија, Хрватска, Бугарија) и Америка. 